Топлотните бранови убиваат повеќе Американци од било кој друг временски феномен. Високите температури се особено проблематични во градовите, каде што топлината на бетонот и асфалтот се шири, зголемувајќи ги веќе невообичаено високите температури за околу 2 до 5 степени.
Сепак, со оглед на тоа што просечните температури и натаму се во пораст, американската влада очекува жителите во урбаните центри да доживеат уште посилни топлински екстреми, од кои некои ќе бидат без преседан. Научниците, сепак, открија дека ограничувањето на затоплувањето на Земјата во овој век до 2,7 степени над прединдустриските температури ќе поштеди илјадници Американци за време на најжешките топлотни бранови. Новото истражување во списанието Science Advances, покажа дека 2720 смртни случаи може да се избегнат во најнаселената метропола, Њујорк, само доколку навреме се превенираат опасностите од зголемената температура.
Текстот Топлотните бранови се прв убиец на Американците е превземен од USB.mk.