Toyota со солзавец сака да спречи кражба на автомобилите

Солзавецот автоматски би се активирал во кабината, доколку автомобилот регистрира обид за стартување на моторот од некое неовластено лице.

Јапонскиот производител Toyota неодамна патентира систем кој препознава идентитет на лица на местото на возачот и врз основа на тоа испушта пријатни мириси во внатрешноста на автомобилот, со цел на возачите да им обезбеди попријатно возење.

Препознавањето се врши со помош на телефонот на возачот, па мирисот може да се активира и непосредно пред влегувањето на возачот во автомобилот, но и при напуштањето на возилото.

Сепак, најмногу внимание во врска со овој патент привлече секундарната функција на системот. Како што наведува Toyota, тој може да се искористи и за сосема спротивна намена – да го оневозможи возењето на автомобилот од друго лице, односно од потенцијални крадци.

Имено, во случај на местото на возачот да се најде неовластени лице (крадец), наместо пријатни мириси, автомобилот испушта солзавец, со цел да спречи кражба.

И додека на потенцијалните возачи може да им се допадне што автомобилот шири пријатна миризба додека возат, не се знае како ќе реагираат знаејќи дека во возилото се наоѓа потенцијално опасен солзавец.. Што ако автомобилот погреши, па место парфем испушта солзавец.

Сепак, иако Toyota го патентира овој систем, не значи дека еден ден и ќе го вгради во продукциските возила. А, ако тоа се случи, Toyota веројатно нема да ја користи спомeнатата опција со солзавец, туку само пријатните мириси.

Извор: B92.net

Текстот Toyota со солзавец сака да спречи кражба на автомобилите е превземен од USB.mk.