Коментирајќи ги политиките на американската вселенска администрација, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека смета оти НАСА не треба да мисли за патување до Месечината, туку за едно до Марс, пишува британски Гардијан.
“Со оглед на сите пари што ги трошиме, НАСА не треба да зборува за одење на Месечината – веќе го направивме тоа пред 50 години. Тие треба да бидат фокусирани на многу поголеми работи што можеме да ги правиме, вклучувајќи го и Марс (од кој Месечината е дел), одбраната и науката!”, гласи твитот на Трамп.
Неговата изјава шокираше многумина, бидејќи Месечината традиционално не се смета за дел од Марс.
Водечката теорија е дека пред многу години, судирот помеѓу Земјата и ентитет со големина на планета, резултирал со остатоци што на крајот станале Месечината. Во просек, Марс се наоѓа на растојание од околу 140 милиони километри од Месечината.
Без оглед на тоа дали Месечината е дел од Марс (а не е), изјавата на Трамп е дополнително изненадувачка со оглед на неговиот претходен ентузијазам за патувањето на Месечината. Неговата критика кон НАСА доаѓа само три недели откако тој ја пофали идејата за лунарно патување.
Текстот Трамп ја напаѓа НАСА и тврди дека Месечината е “дел” од Марс е превземен од USB.mk.