Едно ново истражување покажало дека трансплантацијата на коскената срж од млади лабораториски глувци кај стари глувци го спречува когнитивниот пад кај постарите животни, зачувувајќи ја нивната меморија и способности за учење, пишува Science Daily.
Резултатите го поддржуваат новиот модел кој делумно го припишува когнитивниот пад на стареењето на крвни клетки, кои се произведуваат во коскената срцевина.
“Додека претходните студии покажаа дека пренесувањето на крв од младите глувци може да го промени когнитивниот пад кај старите глувци, се уште не е добро разбрано како се случува овој процес“, вели Хелен Гудриџ, доцент по медицина и биомедицински науки во Cedars-Sinai и ко-автор на студијата. “Нашето истражување сугерира дека еден одговор лежи во специфичните својства на младите крвни клетки“.
Доколку понатамошните истражувања потврдат слични процеси кај луѓето, наодите би можеле да обезбедат начин за дизајнирање на терапии за забавување на прогресијата на невродегенеративните болести, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест, која влијае врз милиони Американци, додаде Гудриџ.
Текстот Трансплантацијата на млада коскена срж го ревитализира мозокот на старите глувци е превземен од USB.mk.