Tesla ја претстави третата генерација на својот суперполнач.
esla тврди дека новиот V3 Supercharger може да ги полни батериите на Model 3 со моќност од 250 kW, а за автономија од 120 километри потребни се само пет минути.
Првата станица V3 Supercharger е отворена во седиштето на компанијата во Фримонт, Калифорнија, за таканаречените членови на програмата на Tesla -„ран пристап“. Станува збор за мала група сопственици на автомобили на Tesla, на кои компанијата им овозможува тестирање на новитетите.
Tesla со поширока инсталација на новиот суперполнач низ САД ќе започне во април, додека Европа и Азија се закажани за четвртиот квартал од оваа година.
Третата генерација на суперполначи V3 Supercharger има големо подобрување во однос на V2, која, и покрај максималната моќност од 150 kW, беше ограничена на 120 kW. Благодарение на новата батерија, сега за сега само Model 3 може да го искористи максималниот потенцијал на V3 Supercharger.
Постарите модели S и X сè уште зависат од послаб полнеж, но Тesla најавува надградба на софтверот што исто така ќе овозможи забрзување на полнењето.
Воедно Tesla воведува и нова функционалност, On-Route Battery Warmup, која ја загрева батеријата на автомобилот кога автомобилот се приближува до суперполначот. На овој начин, батеријата достигнува оптимална температура за полнење, со што се намалува времето за полнење за 25%.
Извор: Додај Гас
Текстот Tрета генерација суперполначи од Tesla – Пет минути за 120 километри (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.