Турски научник откри зошто луѓето заболуваат од рак!

Сик минатата година ги соопштил резултатите од научната студија која ја спроведувал од 2011-та до 2015-та година за турското Министерство за здравство.

Турскиот научник Булент Сик е осуден на 15 месеци затвор затоа што ја открил врската помеѓу токсичното загадување на западот од Турција и опасноста од заболување на рак и како што навел судот, открил “доверливи информации“.

Сик минатата година ги соопштил резултатите од научната студија според кои утврдено е дека загаденото земјиште, водата и храната го зголемуваат ризикот од заболување на рак во неколку турски провинции на запад.

Научникот напишал неколку колумни на таа тема за списанието „Џумхуриет“ бидејќи видел дека не се преземаат никакви мерки во врска со тоа.

Сик изјавил дека студиите јасно укажуваат дека ресурсите за вода се токсични.

„Судската одлука покажува дека можат да се сокријат резултатите од една студија која директно се однесува на јавното здравје. Тоа е неприфатливо“ – изјавил тој.

Извор: Srbija Danas

Текстот Турски научник откри зошто луѓето заболуваат од рак! е превземен од USB.mk.