Такси службата Uber која работи на повик преку апликација за мобилни телефони во повеќе земји, планира да исплати бонуси за своите возачи во вредност од 300 милиони долари, се дознава од извештајот на компанијата за првична јавна продажба.
Парични награди ќе добијат повеќе од 1,1 милион квалификувани возачи во земјите каде службата е управувана од самата компанија, а исплатата ќе се изврши на 27 април.
Во САД таксистите на Uber ќе добијат бонус во висина од 100 долари за 2.500 повици за превоз на патници остварени заклучно со 7 април 2019 година. Потоа, 500 долари за 5.000 повици, 1.000 долари за 10.000 повици и 10.000 долари за 20.000 повици за превоз.
Исто така, компанијата на своите возачи ќе им даде дел од акциите предложени на првичната јавна продажба. Тие треба да исполнат маинимални критериуми за да можат да купат акции по одредената цен.
Текстот Uber исплаќа бонуси за таксистите во висина од 300 милиони долари е превземен од USB.mk.