Uber со аквизиција на Careem се шири на Блискиот исток (ВИДЕО)

Аквизицијата за која некое време се шпекулираше, денеска конечно е и официјално објавена. Uber и Careem се договорија дека оваа блискоисточна компанија ќе стане филијала на американскиот Uber, за што ќе бидат плаатени 3,1 милијарда американски долари. На сопствениците на Careem, Uber за преземање ќе им плати 1,4 милијарди долари во пари и 1,7 милијарди во конвертибилни задолжници (кои можат да се претворат во сопственички удел во Uber).

Uber со овој договор во целост ќе го преземе работењето на својот досегашен конкурент на подрачјето на превозот, но и нивните услуги на достава и плаќање во сите земји каде Careem работеше досега. Седиштето на компанијата е во Дубаи, но ги покриваат уште и Саудиска Арабија, Ирак, Катар, Баахреин, Либан, Пакистан, Кувајт, Египет, Мароко, Јордан, Судан, Палестина и Турција.

Аквизицијата ќе биде официјално заклучена по добивањето на сите регулаторни дозволи, што се очекува во првото тримесечје на следната година. По спојувањето кон Uber, Careem ќе прдолжи со работа под сопственото име, а ќе продолжи да го води досегашниот ЦЕО и соосоновач на компанијата Mudassir Sheikha.

 

Текстот Uber со аквизиција на Careem се шири на Блискиот исток (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.