Компанијата Uber услугата за споделување на превоз ја крена во височина, овозможувајќи превоз на патници со хеликоптер од центарот на Менхетн до аеродромот JFK во Њујорк, објави CNN.
Патувањето од Менхетн до тој аеродром, за кое со автомобил се потребни околу два часа, со хеликоптерот на „Убер“ ќе трае околу осум минути.
Цената на возењето е 200 долари во еден правец, а услугата ќе биде достапна само за клиенти кои преку наградните програми на Uber стекнале платинест или дијамантски статус.
За сега, Uber започнува со ограничени флота на хеликоптери и број на летови кои ќе бидат утврдувани на дневно ниво според побарувачката на клиентите.
Хеликоптерите ќе полетуваат и ќе слетуваат во Менхетн, јужно од улицата Хјустон и ќе движат по рута до меѓународниот аеродром JFK, во работни денови за време на попладневниот сообраќаен метеж, пренесе CNN.
Службата за транспорт со хеликоптери се вика „Убер коптер“, а во леталото има седишта за пет патници кои можат да носат рачен багаж и торба или торба за лаптоп.
Сепак, загриженост за оваа услуга изрази градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, по една фатална хеликоптерска незгода во градот. Тој смета дека прелетувањата на хеликоптери над Менхетн треба да бидат забранети.
Текстот Uber стартуваше услуга за превоз со хеликоптер низ Њујорк е превземен од USB.mk.