Американските воени пилоти го започнаа тестирањето на системот Сикорски кој што наскоро ќе започне да се користи во управувањето на познатите хеликоптери Black Hawk во борбени операции.
Американската армија своите хеликоптери започна да ги опремува со скап софтвер за автоматизација кој што еден ден се предвидува дека целосно ќе ја отстрани потребата за хеликоптерите да бидат управувани од пилоти.
Армијата веќе ги спроведува тестирањата на новиот систем од крајот на минатиот месец, а како што соопштија, со системот било изведено успешно полетување и слетување на комерцијален хеликоптер “S-76B” во Вирџинија.
Автоматизацискиот систем “Aircrew Labor In-Cockpit” (ALIAS) е развиен од “DARPA”, агенција специјализирана за развој на нови технологии кои ги користи американската армија. Од “DARPA”, агенцијата при Министерството за одбрана на САД тврдат дека со малку тренинг, секој ќе може да управува со новиот систем.
Со помош на “ALIAS”, пилотите управуваат со хеликоптерот буквално само со користење на таблет и некои други мали контролни уреди.
Таблетот се користи за промена на одредницата на мисијата, додека со таканаречените интерцептори се контролираат попрецизните работи, како поместување лево и десно. Таквите контроли се покажале подеднакво прецизни како и кога пилотите се наоѓаат во кокпитот.
Извор: Zimo.hr
Текстот Управувањето со хеликоптер ќе биде лесно како користење на таблет (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.