Доколку имате проблем со непријатната миризба на обувките која посебно се јавува во текот на топлите летни денови, Panasonic смисли решение, односно уред кој ефикасно ќе делува во текот на ноќта.
Panasonic MS-DS100 е уред кој ја “напаѓа” исовалеринската киселина која е природна причина на непријатната миризба на стапалата, а која создава една од милионите бактерии кои живеат на човековото тело – Staphylococcus epidermidis.
Воглавно наивен патоген кој ја колонизира човечката кожа за да преживее, а заедно со Staphylococcus epidermidis предизвикува мирис на пот кога ќе стапи во интеракција со аминокиселината позната како леуцин, која се ослободува кога ќе се појави пот на стапалата.
Уредот MS-DS100 се става во внатрешната на обувките и со помош на јоните кои во Panasonic ги нарекуваат “nanoe X”, електростатични атомизирани водени честички кои испуштаат 4,8 билиони хидроксил радикали по секунда кои реагираат со хидроген (водород) во честичките кои предизвикуваат непријатен мирис и ги неутрализираат.
Доволно е да се вклучи уредот и да се вметне во обувките, по што следува ширење на јоните. Процесот трае пет, односно седум часа за “најупорниот” мирис.
Продажбата на уредот почнува во Јапонија на 20. септември, а цената засега не е позната.
Текстот Уред на Panasonic ја отстранува непријатната миризба од обувките е превземен од USB.mk.