Руската ракета Сојуз 2-1b беше успешно лансирана во сабота навечер и во Земјината орбита го испрати најновиот руски навигациски сателит. Нејзиното лансирање се одржа на космодромот Плесетск на северозападниот дел од Руската федерација.
Soyuz со себе го носеше сателитот GLONASS-M кој ќе биде дел од рускиот национален GPS систем. Ракетата успешно ги совлада сите стадиуми од летот, а нејзиното летање го следеа Одбранбените сили на руското воздухопловство, соопштија од министерството за одбрана на Русија.
Текстот Уште едно успешно лансирање на рускиот Сојуз (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.