Компанијата Virgin Galactic, успешно го изврши третото тестирање на својот вселенски брод за туристички патувања, „VSS Unity“, кој леташе над пустината Мохави во Северна Америка.
Компанијата соопшти дека леталото успеа да оствари двојно поголема брзина на звукот и надморска височина од 52 километри.
Вселенскиот брод полета со помош на носачи на вселенски авиони, на надморска височина од 14 километри.
Компанијата Virgin Galactic, која е во сопственост на милијардерот Ричард Брансон, сега е еден тест поблиску до своите први патници, пренесуваат светските медиуми.
После претходната проба, Брансон за медиумите откри дека Virgin Galactic ја делат само „два или три лета“ од вселената.
Текстот Успешен тестот на леталото кое ќе се користи за туристички патувања во вселената (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.