Научниците измислија нова тетоважа што може да ви каже кога сте во опасност од изгореници.
Д-р Карсон Брунс и неговата лабораторија на Универзитетот во Колорадо дизајнираа мастило за тетовирање кое е осетливо на УВ-зрачење и се јавува само кога кожата е премногу изложена на сончева светлина.
Експертите кои го дизајнирале ова мастило за тетоважа се во процес на создавање подобро мастило кое може да биде дијагностичка алатка за да им помогне на лекарите да идентификуваат разни болести.
Доктор Брунс и другите научници кои работат со „наноматеријали“ секојдневно напредуваат и дизајнираа трајни носливи телесни украси со здравствени функции.
Некои биомедицински тетоважи се дизајнирани да ги идентификуваат промените во нивоата на калциум во крвта, додека други се насочени кон откривање рак.
Денес дури и лекарите носат тетоважи, вклучувајќи го и доктор Брунс, машински инженер кој сакаше тетоважите да ги претвори во медицински идентификатори.
Нивната најефикасна тетоважа до сега одговара на прашањето кога е време повторно да се стави крем за сончање. Поради големиот интерес за ова мастило, научниците веќе го комерцијализираат и е достапно за сите тату-мајстори.
Текстот УВ-тетоважите откриваат опасни зрачења (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.