Како што стојат работите, во Велика Британија одлучиле драстично да го намалат загадувањето на воздухот и емисиите на издувни гасови, пет години порано отколку што беше најавено.
Владата првично имаше намера да воведе забрана за продажба на автомобили кои користат фосилни горива од 2040 година. Сега самиот премиер го намалил тој рок за уште пет години, како што може да се види од најавата на Самитот на ООН за климатски промени кој во ноември ќе се одржи во Глазгов, Шкотска. Со тоа, Британците одат чекор понапред и прават се за да се исполни планот за нулта емисија на гасови до 2050 година. Тоа значи и отстранување на класичните возила од британските патишта уште во 2035 година, што е многу оптимистично со оглед на сегашната состојба.
Today, PM @BorisJohnson launches the UN Climate Summit @Cop26, setting out the UK’s position as a world leader in tackling climate change. #COP26 #YoCA2020 pic.twitter.com/u6pt2tIZ9J
— UK Prime Minister (@10DowningStreet) February 4, 2020
Потсетување дека Ирска претходно реши забраната да ја воведе уште порано, односно во 2030 година. Рекордер е Норвешка, која има план да постигне нула емисија на стакленички гасови на своите патишта уште во 2025 година.
Текстот Велика Британија воведува забрана за продажба на бензинци, дизели, но и хибриди е превземен од USB.mk.