Бројот на Американци кои веруваат во интелегентен вонземски живот е сега ист како и бројот на оние кои веруваат во Бога, вели американсиот професор Дијана Паскука, додавајќи дека ова не е случајност, пишува Futurism.
Пасулка е професор по религиозни студии на Универзитетот во Северна Каролина и авторот на “Американ Космик”, нова книга во која таа тврди дека верувањето во НЛО и вонземјани го следи истиот пат, поставен низ историјата од новите форми на религија – и дека луѓето можеби се надеваат дека вонземјаните ќе бидат спасителите на нашиот вид.
Во интервју за Vox, Пасулка опишува како го гледа човековиот однос со вонземјаните, и дека тоа е нешто што го одразува раѓањето на нова религија: нешто над човечката реалност комуницира со некоја личност, и таа личност потоа го споделува своето искуство и на тој начин се појавува нов верски наратив.
Што се однесува до тоа зошто луѓето можеби повеќе сакаат да ја прифатат оваа нова “религија” на вонземска вера сега отколку во минатото, Пасулка вели дека напредокот во истражувањата на вселената игра улога – но, исто така, се повеќе се верува дека нашата планета се упатува кон кризните фактори во равенката.
“Многу луѓе чувствуваат дека катастрофата се набложува, и постои длабок страв дека нема да можеме да се спасиме”, вели таа. “Па, што ќе нè спаси? За некои, тоа ќе бидат овие напредни суштества кои доаѓаат кај нас и кои ќе ни кажат што можеме да направиме или како можеме да ја избегнеме катастрофата”.
Текстот Верувањето во вонземјани би можело да ги замени традиционалните религии, тврди американски професор е превземен од USB.mk.