Истражувачката непрофитна компанија Опен-АИ од Сан Франциско, САД, соопшти дека создале нова програма за генерирање текст, наречена ГПТ-2, која „се однесува како камелеон”. Новата вештачка интелигенција тие првично ќе ја претстават во непотполна верзија, а изјавија дека „се загрижени заради можна злоупореба на таа технологија”.
– Причината за вознемиреност е во тоа што компјутерската програма, која произведува делови од текст засновани на она што самата ќе го прочита, е „помалку предобра“ во тоа што го работи, изјави претставник на компанијата.
Имено, вештачката интелигенција е способна да осмисли „синтетички текст со врвен квалитет” и има генератор за текст со база на податоци од осум милиони интернет-страници. Тоа, наводно, може да послужи за креирање лажни вести, измами и злоставување на социјалните мрежи.
Некои, пак, во ова застрашувачко претставување препознаваат само една самопромоција на компанијата.
Еден од нив е и информатичарот Кристофер Менинг од Универзитетот Стенфорд, кој смета дека ГПТ-2 е едноставно подобра верзија од другите генератори на текст и дека нема место за страв.
Текстот Вештачка интелигенција што може да креира лажни вести е превземен од USB.mk.