Тим од електрични и компјутерски инжињери креираа физичка вештачка невронска мрежа, уред што го имитира начинот на кој што работи мозокот. Овој уред може да анализира огромен број на податоци со што успева да идентификува предмети со брзината на светлината.
Уредот беше направен користејќи 3Д принтер во Универзитетот на Калифорнија.
Разликата на овој уред со веќе постоечките програми кои што препознаваат предмети е воа тоа што оваа вештачка интелегенција користи сензори што директно ја добиваат светлината што се одбива од предметот и веднаш препознава што е предметот, за разлика од веќе постоечките кои што користат посебни софтвери што од кога ќе ја добијат сликата почнуваат да ја анализираат со веќе постоечка база на податоци.
Машината ги препознава предметите според нејзиното искуство, исто така таа не користи дополнителна енергија туку е напојувања целосно од светлината што ја опкружува.
Текстот Вештачката интелегенција препознава предмети со брзина на светлината е превземен од USB.mk.