Моќен антибиотик кој убива некои од најопасните бактерии отпорни на други лекови е откриен со употреба на вештачка интелигенција. Лекот функционира поинаку од постојните антибиотици и е прв од ваков вид. Тестовите покажале дека лекот избришал низа бактерии отпорни на антибиотици, вклучувајќи „Acinetobacter baumannii“ и „Enterobacteriaceae“, два од трите високо приоритетни патогени што Светската здравствена организација ги рангира како „клучни“ за новите антибиотици.
– Во однос на откривањето на антибиотиците, ова апсолутно е нешто врвно – изјави Регина Барзилај, виш истражувач на проектот и специјалист за машинско учење во Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ).
– Мислам дека ова е еден од помоќните антибиотици откриени досега. Има извонредна активност против широк спектар на патогени отпорни на антибиотици – вели Џејмс Колинс, биоинженер за тимот на МИТ.
Текстот Вештачката интелигенција создаде нов супер-антибиотик е превземен од USB.mk.