Тимот на научници од Универзитетот Бен-Гурион во Израел го претстави својот нов изумј – вештачки корали изработени од биопластика, кои ќе помогнат во одржувањето на морскиот живот.
Поради глобалното затоплување, повеќето корали умреа, а тие беа скривалишта за рибите и малите животни. Зголемувањето на температурата доведува до брзо зголемување на количината на јаглерод диоксид во океанот и го оксидира. Коралите немаат време да се прилагодат на овие промени, поради што умираат.
Постепено смртта на коралите доведува до истребување и на цели корални гребени, па научниците решија да отпечатат вештачки на 3Д-печатач. Прво, експертите спроведоа 3Д скенирање на вистински корали, по што создадоа копии од биопластика со помош на овие модели. Забележано е дека вештачките корали се покажале прилично еколошки, бидејќи нивната стапка на распаѓање е споредлива со онаа на нивните природни прототипи.
Текстот Вештачките корали спасуваат животи на морските животни (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.