Истражувањето спроведено во Индија покажа дека тамошните ветерници имаат многу негативно влијание на животинскиот свет.
Преоѓањето на обновливите извори на енергија во случајот на ветерниците, во некои случаи не е сосема пријателски настроено кон остатокот од природата. Имено, лопатките кои ги покренува ветарот за да се произведува електрична енергија, во своето брзо свртување претставуваат опасност за птиците – а понекогаш можат да предизвикаат и големи пореметувања во целиот животински екосистем.
Најновото истражување објавено во Индија, покажува дека фармите со ветерници можат да имаат значајно влијание на птичјата популација – отприлика како на одредено подрачје да се појави ново животно во прехранбениот ланец кое се храни со нив. Исчезнувањето на се поголем број птици грабливки, како да ги истребил некој поголем грабливец, доведува до зголемувањето на бројот на видови, кои во прехранбениот ланец се под нив – на пример гуштерите.
Забележани се и промени во однесувањето на гуштерите, и нивната филозофија како резултат на исчезнувањето на видот кој се храни со нив. Научниците велат дека истребувањето на одредени птици, а се поради големите ветерници, има досега потценето влијание на останатите видови животни, па под знак прашање го доведуваат нивниот вкупен поизтивен еколошки ефект.
Turbines Kill So Many Birds They're Effectively an Apex Predator https://t.co/UxCeedj55p pic.twitter.com/Z8K0oiIZE3
— Popular Mechanics (@PopMech) November 7, 2018
Проблемот на влијанието на популацијата птици претежно е локален проблем и најчесто се јавува во Индија и САД (поради лошото планирање на изградбата на ветерници), додека во Европа е далеку помалку изразен.
Текстот Ветерниците понекогаш се многу опасни за птичјата популација е превземен од USB.mk.