Искуството на виртуелна реалност низ филмовите за возрасни
Неодамнешното истражување кое што го спровеле од страницата VRPorn, покажало дека изнадувачки голем број на луѓе, виртуелната реалност, односно соодветната хардверска опрема за тоа ја користат за гледање на порнографски содржини.
Според извештаите од истражувањата, нешто повеќе од 60 проценти од VR интернет страниците се токму со порнографски содржини. Според статистиките, терминот “VR Porn” е најбаран од сите други термини кои што се поврзани со виртуелната реалност. После овој термин, следуваат “VR Games” и “VR Videos”.
Иако беше најавувана како најзначајната технологија во светот на електронската забава, виртуелната реалност имаше прилично бавен почеток кога се во прашање „обичните“ корисници. Причината за тоа е прилично високата цена за хардверот потребен за виртуелната реалност.
Сепак, појавата на евтините картонски VR очила за чие функционирање е само потребен паметен телефон, до некаде ја промени целата ситуација, но и тука – работите тргнаа во една сосема поинаква насока.
Со оглед на тоа што VR платформите не дозволуваат порнографски содржини, повеќето интернет гиганти од порнографската индустрија, започнаа да се занимаваат со VR. Така, “PornHub” кој што првите порнографски VR содржини започна да ги дистрибуира во 2016-та година, само ова лето оствари над 500 илјади прегледи на VR порно филмови.
И покрај одредените пречки, сепак „гладот“ за содржините за возрасни се повеќе влијае на прилагодувањето на VR технологијата на порнографијата, за да се излезе во пресрет на големиот интерес на народната маса.
Извор: Tportal.hr
Текстот Виртуелна реалност конечно го пронајде своето вистинско место – порнографијата е превземен од USB.mk.