Проект развиен од страна на научниците при Стенфорд, а поврзан со виртуелната реалност (VR), помага во истражањата околу тоа како оваа нова технологија влијае врз нивото на емпатија кај луѓето, пишува Science Daily.
Проектот е наречен “Стани бездомник“, а според новото истражување, луѓето што преку виртуелната реалност искусиле какво е чувството да ги изгубат работните места и домовите, покажале поголем степен на сочувство кон бездомниците, во споредба со оние кои истото сценарио од проектот го искусиле како текст.
“Искуствата се она што не дефинира како луѓе, па затоа не е изненадувачки што интензивното искуство во VR влијание повеќе отколку кога ќе замислите нешто“, рекол Џереми Бејленсон, професор по комуникации и коавтор на трудот.
Многу ентузијасти виртуелната реалност ја гледаат како извонредна технологија која претставува “ултимативна машина за создавање на емпатија“, и која може да им помогне на луѓето да се поврзат еден со друг многу подобро отколку преку романите, телевизиските серии или филмовите.
Текстот Виртуелната реалност помога во развивањето на емпатија кај луѓето е превземен од USB.mk.