Високата интелигенција нема да биде доволна за да се спречи еколошка катастрофа, бидејќи за тоа исто така ќе биде потребна и социјалната интелигенција, пишува Science Daily.
Ова се заклучоците од новата студија на истражувачите при Универзитетот во централна Флорида и објавена во средата во списанието Nature Communications.
Наодите би можеле да помогнат да се идентификува зошто некои групи подобро ги управуваат заедничките ресурси, како што се водата или риболовот, од другите. И додека населението на Земјата расте со стапка која им создава потешктии на ресурсите, наоѓањето начини за подобро управување со нив е од критично значење.
“Особено во случајот на заеднички имот, често има вградена тензија помеѓу она што е добро за поединецот и што е добро за групата”, вели Јакопо Баџо, доцент во Одделот за политички науки на UCF и главен автор на студијата .
“Поединците често имаат различни когнитивни способности“. вели Баџо. “На пример, лицата со висока општа интелигенција ќе бидат повеќе способни за да ги разберат шемите и динамиката на ресурсите, а лицата со висока социјална интелигенција ќе комуницираат поефикасно и ќе ја разберат менталната состојба на другите“.
Користејќи дигитална игра за симулирање на виртуелен екосистем, истражувачите откриле дека кога тимови на луѓе со висока општа интелигенција, но ниска социјална интелигенција, се соочиле со ситуација каде што ресурсите станале ограничени, тие тимови ги потрошиле ресурсите многу побрзо, собрале помалку потенцијални ресурси и екосистемот го искористиле до неговите граници.
Но, кога и општата и социјалната интелигенција биле големи, тимовите собрале поголем процент на потенцијални ресурси и спречиле колапс на екосистемот.
Текстот Високата интелигенција нема да биде доволна за спречување на еколошките катастрофи е превземен од USB.mk.