Голем син дијамант со тежина над 20 карати е претставен во Боцвана, каде е и откриен.
Државната компанија Okavango Diamond соопшти дека е пронајден најголемиот син дијамант што некогаш е откриен во оваа земја. Станува збор за редок скапоцен камен, само неколку вакви сини камења се имаат најдено на пазарот во последната деценија.
Светлосината боја дијамантот ја има благодарение на минералот бор кој е присутен во камењата во океаните, каде што дијамант е формиран, пред една до 3 милијарди години.
Компанијата очекува дијамантот да биде продаден до крајот на годината. Боцвана е еден од најголемите произведувачи на дијаманти, тоа е главниот приход на земјата.
Текстот Во Боцвана пронајден најголемиот син дијамант е превземен од USB.mk.