Анализа на масни остатоци во керамика пронајдена на далматинското крајбрежје во Хрватска претставува доказ за производство на ферментирани млечни производи – меки сирења и јогурти – уште пред околу 7.200 години.
“Ова го сместува производството сирењето за 4.000 години наназад“, вели Сара Меклур, професор по антропологија.
Присуството на млеко во керамиката во оваа област се проценува дека е од пред 7,700 години, 500 години порано од ферментираните производи, велат истражувачите. ДНК анализата на популацијата во оваа област укажува на тоа дека возрасните биле нетолерантни на лактоза, но децата останале способни да го консумираат млекото до нивна десетгодишна возраст.
Во периодот кој доаѓа околу 500 години подоцна, истражувачите гледаат промена не само од чисто млеко до ферментирани производи, туку и во стилот и формата на грнчарски садови.
“Производството на сирење е доволно важно за луѓето да прават нови видови на прибор. Можеме да го забележиме тој културна промена“ додала Меклур.
Текстот Во Далмација правеле сирење уште пред 7.200 години е превземен од USB.mk.