Како што јавуваат тамошните медиуми, Дубаи стана прв град во светот со фабрика која употребува роботи за производство на регистарски таблички за возила.
Фабриката користи индустриски роботи и вештачка интелигенција за да произведе роботи автономно без потреба од човечка интервенција. Капацитетот на новоотворената фабрика засега е 33 илјади регистарски таблички дневно, со тоа што секоја единица може да произведе околу 11.000 регистарски таблички дневно (односно 350 до максимално 700 таблички на час или на секои 15 секунди по една табличка).
Секоја единица е во состојба автоматски истовремено да изработува шест различни видови регистарски таблички. Нарачките за изработка на регистерски таблички се примаат преку e-Licensing системот, а секоја од регистарските плочки од почетокот до крајот на процесот на изработка е можно да се следи со помош на соодветен единствен QR код. За технолошка имплементација задолжена е германската компанија Tonnjes Middle East.
Mattar Al Tayer inaugurates first factory in the world to use robots in manufacturing of vehicle number plates, with capacity of 33,000 plates a day. The factory uses Fourth Industrial Revolution tech & AI applications to print without human intervention.https://t.co/O6NstrNnzU pic.twitter.com/LIHFuJuPN3
— Dubai Media Office (@DXBMediaOffice) April 13, 2019
Текстот Во Дубаи роботи произведуваат регистарски таблички (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.