Археолози на ископините во Каиро пронајдоа делови од камени плочи на кои се наоѓаат записи стари до 4.000 години, соопштено е денеска во Каиро.
Како што наведе надлежното министерство, древните предмети се пронајдени во областа Матарија во источниот дел на Каиро.
Некои од нив датираат од периодот на 12. и 20. династија и Третиот преоден период, додека некои се од понов датум.
Епитологот Дитрих Рау, раководител на истражувањето, истакна дека еден од записите укажува на Атум, боженство кое често се споменуваше во древниот Египет како одговорно за поплавата на Нил.
Египет често објавува археолошки откритија во надеж дека ќе ги поттикне интересот за своето древно наследство и ќе го заживее туризмот, кој е погоден од политичката нестабилност после немирите во 2011 година.
Извор: B92.net
Текстот Во Египет пронајдени записи стари 4.000 години е превземен од USB.mk.