Големите претпријатија кои вработуваат 250 или повеќе лица користат многу повеќе роботи во извршувањето на своите обврски отколку што е тоа случај со средните и малите претпријатија покажа истражување на Eurostat.
Во 2018 година во Европската унија 25% од големите претпријатија користат роботи, наспроти 12% од средните претпријатија кои вработуваат од 49 до 250 лица, додека само 5% од малите претпријатија кои вработуваат од 10 до 49 вработени.
Претпријатијата често користат индустриски од услужливи роботи. Индустриските роботи најчесто се користеле во производниот сектор, додека услужливите роботи се користат во прозиводството и трговијата на мало.
Компаниите кои практикувале роботи за услуги ги користеле за системи за управување со засолништата во 44 проценти од компаниите, потоа во 21 % за чистење на отпадот и за монтажи во 21% од компаниите.
Најголемиот дел од компаниите кои користат индустриски или услужливи роботи е забележан во Шпанија и тоа 11%, Данска и Финска по 10% и Италија по 9%.
Најмал дел на претпријатија кои во својата дејност користат роботи е забележан во Кипар 1%, Естонија, Грција, Латвија, Унгарија и Романија по 3%.
Извор: Klix.ba
Текстот Во ЕУ дури 25 проценти големи претпријатија користат роботи е превземен од USB.mk.