Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ во текот на викендот ја пренесе целата работа на новиот аеродром во Истанбул, кој воедно ќе биде и најголем во светот.
Преселбата во огромниот транспортен центар – едноставно наречен аеродром „Истанбул“ – почна во петокот.
Ако фази на изградба планирани за подоцна се завршат според планираното, раководните лица на аеродромот тврдат дека тој ќе стане најголемиот аеродром во светот, со капацитет од 200 милиони патници годишно.
Во наредните две години аеродромот ќе има капацитет од 90 милиони патници годишно. Планираното понатамошно зголемување на капацитетот од 200 милиони значително ги надминува другите прометни аеродроми во светот.
Постојниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул, кој почна со работа во 1953 година, ќе продолжи да работи нормално до крајот на годината, при што сè повеќе и повеќе услуги ќе бидат префрлени во новиот објект.
Засега нема планови за затворање на другиот помал аеродром во Истанбул, „Сабиха Гокчен“.
Текстот Во Истанбул официјално отворен најголемиот аеродром на светот е превземен од USB.mk.