Во кафулето коешто го отворила компанијата „E-Szoftverfejleszto“ во унгарската престолнина Будимпешта, цел тим роботи помагаат јавноста да се зближи со технолошките достигнувања во автоматизацијата и вештачката интелигенција.
Роботите-келнери се движат по означени патеки додека носат храна и пијалоци за гостите, кои не смеат да им застануваат на патот. Некои роботи служат за забава, како што е рецепционерката Pepper, која разговара со гостите, но ако посакаат може и да танцува со нив.
Pepper ја разви јапонската компанија Softbank, а морала да биде модификувана за да може да ги слуша гостите во бучното кафуле. Судејќи според онлајн коментарите, на гостите им се допаѓаат лудориите на Pepрer и немаат замерки на услугите на нејзините колеги роботи.
И покрај стравот дека се поголемата автоматизација и развојот на вештачката интелигенција ќе им ја земат работата на луѓето, роботите во кафулето во Будимпешта не ја одземаат никому работата. „Всушност, вработивме двапати повеќе луѓе отколку порано затоа што за 16 до 20 роботи да работат од 9 наутро до 21 часот мора да имате експерти во позадина” велат од Enjoy.
ENJOY BUDAPEST CAFE – Robot kávézó Budapesten
Jártál már nálunk? Jelöld meg kommentben azt a barátod, aki szereti a robotokat ;)ENJOY BUDAPEST CAFE – Robot kávézó BudapestenBudapest, Corvin-negyed, Práter u. 6-8.Asztal foglalás: + 36 20 281 9262
Gepostet von Enjoy Budapest Café am Mittwoch, 23. Januar 2019
Текстот Во кафуле во Будимпешта роботи носат кафе и ги забавуваат гостите (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.