Во Мексико откриена цела мрежа на тајни градови стари повеќе од 2 илјади години

Археолозите пронајдоа остатоци од мистериозна цивилизација во Мексико. Откриена е мрежа на најмалку 41 град околу древната престолнина Изапа на југот на Мексико.

Со помош на ласерско скенирање, откриено е дека сите тие мали населби следеле ист план на изградба, слично на модерните предградија во Америка со нанижани редови на куќи.

Со ласер биле скенирани 37 населби во Мексико и четири кои што излегуваат преку границата во Гватемала. Сите биле изградени по слична шема како и Изапа. Инаку, древниот град Изапа бил седиште на моќното кралство кое што постоело од 700-та до 1000-та година пред новата ера.

Научниците и археолозите сега се обидуваат да откријат дали овие места биле поврзани со кралството Изапа. Се покажало дека Лас Виудас е најголемото секундарно населено место во поранешното кралство.

Дури и помалите центри го следеле истиот план за изградбата на своите плоштади, секако со најважните пирамиди сместени на северниот крај од населбите.

Инаку, Изапа е огромна археолошка локација во мексиканската држава Чиапас, сместена кај реката Изапа во близина на вулканот Такана, односно во подножјето на шестата највисока планина во Мексико.

Самиот град Изапа се протега на повеќе од 2,2 километри со што оваа локација ја прави најголемата во Чиапас. Поради големиот број на изрезбани мајански статуи и споменици, терминот „изапански стил“ се пренесува и на сличните објекти пронајдени во Пацификот.

Климата на ова подрачје е многу топла и влажна, па подрачјето околу Изапа било главно за производство на какао.

Извор: Kurir.rs

Текстот Во Мексико откриена цела мрежа на тајни градови стари повеќе од 2 илјади години е превземен од USB.mk.