Во Сибир, во регионот Уакит, е пронајден метеорит што не е виден досега, а научниците настојуваат да пронајдат некаква трага што ќе го открие неговото потекло.
Во обичните метеорити вообичаено се наоѓа легура, но во најновото откритие во Сибир е установено дека метеоритот содржи траги на целосно нов минерал кој досега не е забележан на Земјата и науката првпат се сретнува со него, пишува news.com.au.
Кога го ставиле под микроскоп, научниците откриле дека метеоритот е потежок од обичен дијамант затоа што неговата структура се совпаѓа со некои од најтешките минерали на светот.
Се претпоставува дека минералот настанал под влијание на високи температури, и тоа над 1.000 Целзиусови степени.
Текстот Во метеорит пронајден во Сибир откриен минерал од непознато потекло е превземен од USB.mk.