AUDI објави дека новиот A3 ќе има седишта тапацирани со рециклирана ткаенина
Поточно, станува збор за пластични шишиња. Од нив 45 од по 1,5-литри се потребни за пресвлекување на четири седишта, додека дополнителните 62 се искористени во теписите. Од Audi велат дека ткаенината е онолку добра колку и онаа која се користи во другите модели.
Интересно е тоа што Audi подготвил неколку различни бои и обрасци, од кои највпечатлива е сивата боја со контрастни жолти шевови. Дополнително ќе биде понудена црна и црвена ткаенина.
Како потсетување, употребата на материјал добиен од рециклирање пластични шишиња не е нова технологија во автомобилската индустрија. На пример, Ford, наводно, рециклира 1,2 милијарди шишиња за автомобилските теписи годишно и тоа го прави веќе две децении.
Текстот Во ова Audi се вградени повеќе од 100 пластични шишиња. Еве каде е превземен од USB.mk.