Во Русија работат на телескоп за потрага по сигнали на вонземни цивилизации. Со негова помош научниците ќе ги следат вселенските зраци.
Освен тоа, тој ќе овозможи следење на оптичките блесоци на светлината, објави РИА „Новости“ повикувајќи се на водечкиот научен соработник на Научноистражувачкиот институт за нуклеарна физика на МГУ, раководител на научно-културниот центар SETI при Советот за астрономија на РАН, претседател на секцијата „Живот и разум во Вселената“ на Советот за астрономија на РАН Александар Панов.
Инструментот може да се користи за потрага по вештачки вонземни сигнали. Што се силните блесоци? Можеби некој на Земјата праќа сигнали надвор од радиоспектарот преку ласерски канал“, објасни Панов. Во случај на контакт со вонземјани Земјата би можела да се збогати со историјата, книжевноста, религијата, филозофијата на вонземните цивилизации, смета овој научник.
Извор: Russia Beyond
Текстот Во Русија ќе направат телескоп за потрага по сигнали на вонземјани е превземен од USB.mk.