Вообичаената пракса со казнување на несовесните возачи не дава резултати, поради што низ светот се смислуваат поефикасни решенија. На Тајланд нацртани се пешачки премини на посебен начин, принудувајќи ги возачите да погледнат и застанат.
Обидувајќи се на креативен начин да се намали бројот на пешачките несреќи, на периферијата на Банкок нацртани се „лебдечки“ зебри.
Пешаците кои ја преминуваат улицата изгледаат како да одат по даски кои лебдат неколку сантиметри над патот. Сликата која збунува, но и ги застанува возачите.
Играта со перспектива ја направија околу 50 ученици и волонтери, од главниот влез на училиштето.
„Мислам дека тоа е добра идеја. Кога гледам 3D пешачки премин, изгледа како луѓето да левитираат над патот. Тоа го привлекува моето внимание. И децата сакаат да одат по него, се чувствуваат како да одат по воздух“ објаснува еден родител на дете кое учи во блиското училиште.
Според статистиката од последните четири години, која ја објави Националната канцеларија за здравствена безбедност, на Тајланд се случиле 10.672 сообраќајни несреќи, во кои учествувале пешаци.
Текстот Во Тајланд поставени 3D зебри против брзо возење (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.