Оваа година за сите поголеми автомобилски компании значи и почеток на офанзивата на пазарот на електрични автомобили.
Групацијата Volkswagen е конгломерат кој стои зад најамбициозниот план во автомобилската индустрија, кој подразбира приказната за електрични возила да стане успешна. Сепак, дали планот целосно ќе се реализира или можеби ќе пропадне, зависи од способноста на групата да ја развие пратечката индустрија.
Покрај платформите за електрични модели, производството на батерии е она што во моментов е примарен фокус во Volkswagen. Минатата недела, Германците најавија формирање на Европската батериска унија, конзорциум на компании чија цел е да „акумулираат многу поширока експертиза во областа на производство на батериски ќелии“.
Volkswagen е тој што ќе го води конзорциумот, кој се состои од партнери од седум членки на Европската унија и шведскиот производител на литиум-јонски батерии, Northvolt.
„Партнери во областа на истражување и индустријата од седум земји-членки на ЕУ ги здружуваат силите во Европска батериска унија“, соопшти Volkswagen. „Сеопфатната соработка во истражувачкиот сектор ќе се движи од производството на суровини, преку технологијата и процесите на производство на ќелии, до рециклирање. Активностите од областа на истражувањето исто така ќе се фокусираат на развој и создавање на фабрички технологии кои ќе обезбедат одржливо, еколошки и конкурентно производство на батерии во Европската унија“.
Извор: Додај Гас
Текстот Vоlkswagen ќе ja води Европската батериска унија е превземен од USB.mk.