Volkswagen ќе користи 3D печатачи за производство на автомобили

Една од предностите на ваквиот начин на производство е можноста за производство на посебни делови без првобитна потреба за производство на посебни алати со кои би ги направиле тие делови.

HP неделава го претстави Metal Jet, 3D печатач за метал, чија цена изнесува околу 400.000 долари и кој би можел да го смени начинот на кој се произведуваат предмети од метал во многу индустрии. Една од компаниите кои ги препознаа напредните можности, кои ги носи печатењето нa овој начин, како што се брзината, едноставноста и ефикасноста е и Volkswagen.

Германската автомобилска компанија најави дека за масовно производство на делови за автомобили ќе ја користи технологијата на HP за печатење со метал. Од VW велат дека нема скоро да почнат со производство на цели возила со 3D печатач, но со тек на годините ваквите уреди ќе произведуваат се повеќе делови за автомобили.

Голема предност на овој начин на производство, според шефот за технолошко планирање и развој, Мартин Геде, е можноста за производство на посебни делови без потреба од правење алати со кои би се направиле деловите.

Ова нема да биде прв пат 3Д печатачи да се користат за производство на делови за автомобили – досега овој начин на печатење најчесто се користеше за прототипови и за индивидуални компоненти, а Volkswagen би почнал со 3D печатење на делови за 2-3 години. За производство на еден автомобил на VW се користат до 8.000 делови, а во нивните фабрики се користат 90 печатачи за правење заменски ретки делови за возилата.

Извор: Zimo.hr

Текстот Volkswagen ќе користи 3D печатачи за производство на автомобили е превземен од USB.mk.