На интернет се распространи снимка од возач и совозач во електричен автомобил „Тесла“ кои спијат додека возилото се движи по автопат со брзина од околу 100 километри на час.
„Бев изненаден кога ги видов. Возев покрај нив, возачот спиеше со спуштена глава, а рацете му беа на воланот. Им свирев за да ги предупредам, но тие не реагираа. Изгледаа како да се преморeни“, раскажува Дакота Рандал, кој го снимил видеото и го објавил на „Твитер“, пренесува хрватски „Индекс“.
Some guy literally asleep at the wheel on the Mass Pike (great place for it).
Teslas are sick, I guess? pic.twitter.com/ARSpj1rbVn
— Dakota Randall (@DakRandall) September 8, 2019
Иако електричните возила на „Тесла“ имаат функција за автономно возење, позната како автоплот, компанијата ги предупредува возачите да бидат будни додека возат и да ги држат рацете на воланот.
Фактот дека автомобилот има автономно управување не значи дека треба да вози без надзор и контрола на возачот.
Текстот Возач и совозач спијат во „Тесла“ додека автомобилот вози со 100 на час (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.