Баварскиот производител BMW има идеја како да го реши сообраќајниот хаос во Минхен. Вработените во оваа компанија ќе доаѓаат со електрични велосипеди.
BMW воведе нова мера во борбата против недостигот од паркинзи во Минхен. Вработените во BMW имаат на располагање службени велосипеди. Тоа треба да ги поттикне вработените да се префрлуваат на превозни средства што се подобри за животната средина и не зафаќаат простор.
Префрлувањето на велосипеди е сосем логична мера, затоа што сообраќајниот колапс во Минхен не може да се спречи ако сите продолжат да возат автомобили. Дополнителен проблем е тоа што многумина пристигаат на работа во Минхен од блиските градови. За нив е неизводливо да доаѓаат на работа со велосипед.
BMW на своите клиенти им нуди изобилство модели со исклучителна еко-нота, сега тоа ќе мора да го почитуваат и вработените
Од почетокот на месецов, вработените во Минхен можат да изнајмуваат службени велосипеди. Место со автомобил тие во иднина ќе доаѓаат со електричен велосипед. Трошоците за овие велосипеди кои чинат повеќе илјади евра ќе се надоместат при исплаќањето на бонусот за успех.
Работничкиот совет во BMW очекува дека новата мерка ќе придонесе за растоварување на сообраќајот во Минхен, кадешто автомобилската марка вработува 40 илјади лица. Доколку само десет проценти од персоналот се префрлат на велосипед, ќе се ослободат две катни гаражи.
Текстот Вработените на BMW ќе одат на работа со електрични велосипеди е превземен од USB.mk.