Еден индиски сателит е уништен во вселената, што создаде повеќе од 400 парчиња орбитален отпад, кој претставува опасност за астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ISS).
Шефот на Американската вселенска агенција (NASA), Џим Бриденштајн им се обрати на вработените пет дена откако Индија го собори сателитот во ниска орбита, при ракетниот тест.
Како што објасни, не можеле да ги следат сите парчиња отпад при распадот на сателитот.
“Моментно ги следиме објектите кои се доволно големи за следење. Зборуваме за објекти од десетина сантиметри или поголеми. Досега проследивме околу 60 такви”, изјави Бриденштајн.
Меѓутоа, 24 парчиња отпад се најдоа над апогејот на ISS.
“Тоа е страшна работа, да се предизвика таква ситуација при која парчињата од вселенскиот отпад се движат над Меѓународната вселенска станица. Таквиот вид активности не се компатибилни со иднината на човечките вселенски летови”, истакна шефот на NASA.
Инаку, американската војска ги следи објектите во вселената за да го предвиди ризиок од судир со ISS и другите сателити. Моментно следат 23.000 објекти поголеми од десет сантиметри.
Тоа вклучува 10.000 парчиња вселенски отпад, од кои речиси 3000 исчезнале при еден настан, кога е уништен кинескиот сателит во 2007. година.
Текстот Вселенскиот отпад на индискиот сателит и се заканува на Меѓународната вселенска станица е превземен од USB.mk.