Вселенското летало на Virgin Galactic полета вчера од полигонот во калифорниската пустина Мохаве кон работ на Вселената, мисија која го означи првиот американски лет со човечки екипаж надвор од атмосферата од крајот на американската шатл програма.
Тестниот лет навестува нов период на вселенските патувања кој би можел да почне веќе во 2019. година со трката на Virgin Galactic на британскиот милијардер Ричард Бренсон против друг милијардер, основачот на Amazon, Џеф Безос и неговата компанијата Blue Origin околку тоа кој прв ќе им понуди суборбитални летови на туристите.
Леталото на Virgin Galactic со патничкиот вселенски брод SpaceShipTwo полета во 7 часот наутро по локално време од полигонот Мохаве, околу 150 километри северно од Лос Анџелес. Ричард Бренсон беше стотината набљудувачи на лансирањето.
„Денес за прв пат во историјата на човештвото вселенско летало со приватни патници, туристи, стигна до вселената. Денес го остваривме првиот лет и покажавме дека Virgin Galactic навистина може да ја доближи вселената до луѓето. Ова е монументален ден и не можам да бидам погорд на моите тимови, кои отворија едно ново поглавје во истражувањето на вселената“, изјави основачот на Virgin Galactic, Бренсон.
Во текот на еден час по полетувањето тандем леталата SpaceShipTwо и SpaceShipOne се искачуваа повисоко и повисоко, а се разделија на околу 15 км над површината. За помалку од една минута SpaceShipTw достигна брзина од 2.9 маха, односно 2.9 побрзо од брзината на звукот.
Компанијата Virgin Galactic во 2008 година за прв пат вети летови за туристи, во рок од 18 месеци. Оттогаш даваа слични ветувања дека летовите во вселената би станале реалност во блиска иднина. Но, одложувањата во 2014 година со смртоносен исход ги спречија амбициите на Бренсон.
Текстот Вселенското летало на Virgin Galactic успешно стигна до работ на Вселената е превземен од USB.mk.