Компанијата за автономни автомобили на Alphabet, Waymo официјално може да почне да ги пренесува луѓето во своите автономни автомобили, благодарение на зеленото светло што го доби од регулаторите во државата Калифорнија.
Комисијата за јавни комунални дејности во Калифорнија издаде одобрение Waymo да се приклучи на програмата за тестирање наречена Autonomous Vehicle Passenger Service Pilot, објави CNBC.
Ова се случuва само една недела откако Waymo почна да обезбедува автономни автомобили на компанијата за споделено патување Lyft, во градот Феникс.
Дозволата е многу важна, бидејќи ја приближува компанијата, која со години развива автономни технологии, за користење на своите автомобили за вистински комерцијални услуги.
Waymo се оддели од Google во декември 2016 година, тестирајќи ја својата роботска услуга наречена Waymo One со ограничена група корисници во Феникс од декември 2018 година.
Waymo не е единственото големо име кое експериментира со автономни автомобили. Uber развива и тестира своја сопствена автономна технологија, а извршниот директор на Tesla, Елон Маск изјави претходно оваа година дека автомобилите на компанијата може да се користат како роботакси некаде во 2020 година.
„Дозволата на CPUC (комисијата) ни овозможува да учествуваме во нивната пилот-програма, давајќи им можност на вработените на Waymo да излезат со нашите возила и да ги одведат гостите на прошетка во рамките на нашата територија во Јужниот залив“, сподели Waymo во изјавата.
„Ова е следниот чекор од нашиот пат да го прошириме и понудиме повеќе пристап на граѓаните на Калифорнија до нашата автономна технологија за возење, токму како што направивме со Waymo One во Феникс“, додаваат од компанијата.
Текстот Waymo доби дозвола да пренесува патници со автономни возила во Калифорнија е превземен од USB.mk.