Компанијата Wing претстави нова апликација која ќе овозможи контрола на воздушниот сообраќај на дроновите.
Системот на контрола на воздушниот сообраќај за дронови е нешто слично на системот кој моментно ги наведува авионите, а тоа сега е во фокусот на бројните технолошки компании кои примената на дроновите ја гледаат решиси во се, од достава до осигурување на воздушниот простор. Сега компанијата Wing креираше апликација која може да послужи како платформа за идниот систем.
Апликацијата е наречена OpenSky и е одобрена за контрола и управување на летовите со дронови во Австралија, каде целосно е бесплатна. Претходно оваа година Wing доби дозвола за првата услуга за достава со дронови, исто така во Австралија. Новата апликација е достапна на Google Play и Apple App Store, како и на веб.
“Без оглед на тоа дали сте лице кое од хоби сака да лета или деловен корисник кој го користи дронот за истражување или доставување на стока, апликацијата OpenSky овозможува лесно да востановите каде и како да летате, зависно од она што го правите”, стои во соопштението на Wing.
За компаниите како Wing, робустниот систем на управување е клучен доколку сакаат да ја остварат целта, а тоа илјада мали дронови во воздух, кои летаат ниско и без судирање, односно удирање во дрвја, објекти и слично. Бројните компании, вклучувајќи ги AirMap и Iris Automation работата на слични системи на контрола на воздушниот сообраќај.
Wing соработува со Американската федерална администрација за авијација на воспоставување на систем за достава со дронови. Австралија и Нов Зеланд се пред останатите земји.
Текстот Wing направи апликација за контрола на воздушниот сообраќај на дроновите е превземен од USB.mk.