Еден од првите астронаути кои стапнале на Месечината за Би-би-си „Радио 5“ вели дека е глупаво да се планира човечка мисија на Марс. Бил Андерс, пилот на лунарниот модул на „Аполо 8“ – првиот човечки вселенски лет, што ја напуштил орбитата на Земјата, вели дека испраќањето на екипаж на Марс е „речиси смешно”.
Неговата изјава следи во моменти кога НАСА планира нови човечки мисии на Месечината. Целта на НАСА, како што соопшти, е да ги научи вештините и да ја развие технологијата за да овозможи идни човечки слетувања на Марс.
Осумдесет и петгодишниот Андерс изјавил дека е голем поддржувач на извонредните нечовечки програми, главно зашто се многу поевтини. Тој смета дека нема јавна поддршка за финансирање поскапи човечки мисии.
„Што е императив? Што нè турка да одиме на Марс?” рече тој, додавајќи: „Не мислам дека јавноста е заинтересирана за тоа”.
Во меѓувреме, роботичните сонди сè уште го истражуваат Марс.
Во соопштение, НАСА вели: „Се работи за водење на одржливо враќање на Месечината, што ќе ни помогне да се подготвиме за да испратиме астронаути на Марс”.
„Тоа, исто така, вклучува комерцијални и меѓународни партнери за проширување на човечкото присуство во вселената и враќање на нови знаења и можности”, се наведува во соопштението.
Во 1968 година Андерс, заедно со другите членови на екипажот – Френк Борман и Џим Ловел, полетаа од Кејп Канаверал во Флорида со „Сатурн 5“, претходно комплетирајќи 10 орбити околу Месечината.
Екипажот на „Аполо 8“ помина 20 часа во орбита, пред да се врати на Земјата. Тоа беа првите луѓе кои ја напуштила својата матична планета и заминале до најоддалечената точка во тој момент, но и витален скок на патот на „Аполо 11“ за историското слетување на Месечината само седум месеци подоцна.
Текстот За астронаутите, испраќањето астронаути на Марс би било глупо е превземен од USB.mk.