За еден ден на Гренланд се стопија две милијарди тони мраз! (ВИДЕО)

Повеќе од 40 проценти од мразот на Гренланд имал одреден степен на топење, а вкупното топење само во текот на вчерашниот ден се проценува на две милијарди тони.

Американската телевизија CNN пренесува дека само во текот на вчерашниот ден на Гренланд се стопиле две милијарди тони мраз, односно два кубни километри од ледената покривка на овој остров.

Иако Гренланд е најголемиот остров на светот со огромни количини на мраз, сепак многу е невообичаено толкава количина на мраз да се стопи кон средината на јуни. Сезоната на топење на мразот трае од јуни до август, но како што пренесува американската телевизија, најголемиот дел од мразот се топи во јули, а не во јуни.

Томас Мот, научник од Универзитетот во Џорџија, специјализиран за климатските услови на Гренланд, вели дека ненадејниот скок во топењето на мразот на островот е невообичаено.

„Тоа може да се спореди со тоа што го забележавме во јуни 2012. година“, изјави Мот, потсетувајќи дека тоа било рекордната година кога целата ледена покривка на Гренланд забележала некој степен на топење, нешто што се случило за прв пат откако се врши ваков вид на мерење.

Текстот За еден ден на Гренланд се стопија две милијарди тони мраз! (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.