Абрахам езерото е изградено на браната Бигорн во 1972 година на реката Северен Саскачеван. Ова е најголемото вештачко езеро во канадската провинција Алберта и има карактеристики на природни глацијални езера од тој регион, чија карактеристична сина боја се должи на хемискиот состав на околните карпи.
Езерото Абрахам е посетено место во текот на летото, но туристите сепак претпочитаат да доаѓаат тука во зима кога замрзнува. На површината на езерото и на длабочина што е малку потешко да се види, има ледени меури кои формираат „столбови“.
Белите формации, за разлика од мрачното езеро, се чини дека се навистина впечатливи, но овие ледени кругови можат да бидат многу опасни за човекот и за природата. Замрзнатата „декорација“ на езерото е всушност замрзнат гас метан, кој се формира кога органска материја, мртво растение или животино ќе потоне на дното на езерото а при процесот на распаѓање се ослободува метанот.
Гасот се обидува да изелесе а на површината, но поради ниските температури, се формираат бели, синкави кристали замрзнати во колона. Со зголемувањето на температурите, мразот се топи и метанот го наоѓа својот пат до површината.
Метанот е 25 пати поштетен од јаглерод диоксидот кога се наоѓа во атмосферата, пишува „All thats interesting“. Додека е во мирување, метанот не е проблем, но глобалното затоплување и топењето на пермафрост во атмосферата ќе ослободат големи количини на штетен гас.
Текстот Заледени меури: Опасни формации во најголемото вештачко езеро во Алберта е превземен од USB.mk.