Земјата се загрева побрзо од било кога, ова не е забележано во последните 2000 години

Изминатата година била една од најжешките во историјата на мерењата, покажуваат последните истражувања кои ги објави американското метеоролошко друштво. Студијата, според нив, е уште еден доказ дека нашата планета се загрева побрзо од кога и да е во модерната историја.

Околу 500 научници од повеќе од 60 земји ширум светот ја проучуваа “Климатската ситуација во 2017 година”. Истражувањето покажува дека од 2014 година започнала серијата рекордни топли години. Во текстот се додава дека раст бележи и темратурата на водата во океаните.

Просечната температура на глобалната морска површина минатата година беше во близина на рекордот од 2016 година. Рекордно ниско ниво на мраз било забележано и на Арктикот и Антарктикот.

„Таквиот ненормално топол воздух на Арктикот и површината на морето во таа област не е забележан во последните 2000 години“, се вели во студијата.

Во текот на изминатите 38 години, областите покриени со мраз низ целиот свет драстично се намалија, и овој тренд продолжува и денес.

 

Текстот Земјата се загрева побрзо од било кога, ова не е забележано во последните 2000 години е превземен од USB.mk.