Се очекува климата на Земјата во 2030 година да биде иста како што била пред три милиони години, пишуваат истражувачите во студијата објавена во понеделник во магазинот на Американската научна академија.
Тој период е средина на Плиоцен, кога на Земјата владеела суша, Северна и Јужна Америка се уште не биле споени, Гренланд бил зелен, а нивото на океаните било повисоко за 18 метри отколку сега.
Просечната температура тогаш 1,8 до 3,6 степени Целзиусови над сегашната.
„Иако одиме кон драматични прмени во релативно кратко време“, вели Џек Вилијамс, професор по наука за Земјата и стручњак за палео-екологија и климатологија на Универзитетот во Висконскин, во градот Медисон.
Ако испуштањето на јаглерод диоксид во атмосферата продолжи како и до сега, истражувачите проценуваат дека до 2150 година Земјата ќе се врати на состојбата што била пред 50 милиони години, во зората на еволуваијата на првите цицачи, кога веќе одамна изумреле диносаурусите (пред 65 милиони години).
На замрзнатите капи на половите од Земјата им треба долго да се стоапт, па Гренланд нема повторно да стане зелен веќе во следниот век, вели Вилијамс за AFP.
За тоа време нивото на океаните че порасне за сите 18 метри. Но, изненадното загревање ќе ги изненади живите видови на кои им требале милиони години да се приспособат на денешните услови.
„Многу видови ќе исчезнат поради тоа“, вели соавторот на оваа студија.
„Тоа укажува како можеме да влијаеме врз својата историја и на историјата на Земјата – така што треба да ги разбереме сегашните промени и да се прилагодиме“, заклучува тој.
Извор: B92.net
Текстот Земјата во 2030. година ќе се врати во состојбата од пред три милиони години е превземен од USB.mk.