Во 1969 силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени ги потресол Западна Португалија и Мароко. Потоа имало и цунами во кое загинале 13 лица. Уште еден силен земјотрес го погодил ова подрачје приближно 200 години порано. Притоа настрадале околу 100.000 луѓе, а градот Лисабон бил срамнет со земја.
Два земјотреса на исто место во период од неколку стотици години не се причина за тревога. Но, она што ги збуни сеизмолозите е фактот дека потресите настанале во релативно рамни океански корита. Значи, далеку од какви било раседи или пукнатини во Земјината кора, каде што тектонските плочи поминуваат една покрај друга ослободувајќи енергија и предизвикувајќи потреси.
Многу е голема веројатноста тектонската плоча да се лупи во два слоја, истакнаа научници на Генералното собрание на Европската Унија за геонаука, која неодамна се одржа во Виена. Научниците претпоставуваат дека горниот слој се лупи и се одделува од долниот слој.
Станува збор за досега незабележан феномен. Проблемот е во тоа што овој пилинг може да создаде нова зона на субдукција – подрачје во кое едната тектонска плоча се забива под друга.
For the science guys: Off the Coast of Portugal, the Earth's Crust Might Be Peeling In Two https://t.co/oD5A4uwZOh
— John Textor (@john_textor) May 7, 2019
National Geogrpahic пишува дека лупењето веројатно е поттикнато од слој кој впива вода во средината на тектонската плоча. Тој слој можеби минал низ геолошки процес на серпентинизација, во кој водата што продира низ пукнатините предизвикува претворање на слојот во меки зелени минерали. Вака трансформираниот слој може да предизвика доволно слабости во плочата за да може да се одделат слоевите.
Идејата за пилинг на тектонските плочи не е нова, но првпат е вака прецизно објаснета. Научниците ја тестирале хипотезата во дводимензионални модели, а нивните прелиминарни резултати покажале дека ваквиот вид активности се навистина возможни.
Хипотезата треба да се докаже за да доживее рецензија во научно списание.
Извор: Tportal.hr
Текстот Земјината кора се лупи и се заканува со земјотреси и цунами е превземен од USB.mk.